Бугарскиот премиер на Фејсбук информираше дека имал средба со македонскиот колега Зоран Заев на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ и дека се разговарало за проблемот на заедничката историја, вклучително и за Гоце Делчев
„Разговарав со Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија, со кого ги разгледавме постигнувањата и предизвиците во билатералните односи на двете држави. Цело време од 1992 година до денес, бугарската страна инсистира единствено за објективно пренесување на историските факти.
Задоволен сум дека постепено, но се надевам и трајно, вистината за нашата заедничка историја, вклучително и за Гоце Делчев, почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример – од претседателот на земјата, Стево Пендаровски“, напиша Борисов.






