Охрид доби „УНЕСКО Бројчаник“

Порталот на OhridPress на својот сајт постави „UNESCO Бројчаник“, кој до 1 февруари ќе ги одбрфојува деновите во кои треба да се исполнат условите Охридскиот регионда не биде ставен на листата на загрозени подрачја.



„Вчера во Баку, Азербејџан, беше официјализирана одлуката УНЕСКО да му даде уште една шанса на Охрид. Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја“, потсетува порталот.

Тоа подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото.