Професорката Елка Јачева Улчар открива едно од можните сценарија зошто владата оваа година нема да ја додели најпрестижната награда за наука во Македонија која го носи името на револуционерот ,,Гоце Делчев”.
“Еурека!
Сега ми е јасно зошто оваа година не се додели најголемата државна награда за достигнувања во науката, ,,Гоце Делчев”.
До насловот било, а?”, забележува македонистката откако Тамара завчера ја прескокна строфата од националната химна во која се споменува македонскиот великан Гоце Делчев.
Предходно официјална Софија порача дека Делчев е само бугарски херој кој Македонија не смее да го користи во својата историографија.
Претседателот Пендаровски во врска со Делчев изјави дека тој сам се опишувал како Бугарин а министерот Димитров рече дека не е историчар за да каже што бил Делчев.





