Најчевска: Тамара треба да добие прекршочна за погрешната химна

„Ни се случува со погрешни знамиња да пречекуваме функционери, протоколот да нема врска што и како прави. Ова е само цреша на врвот на апсолутното невнимание“ вели професорката Мирјана Најчевска.



Таа смета дека треба да се поведе прекршочна постапка за пејачката Тамара Тодевска која неточно ја испеа химната на 4 јули во американската амбасада.

„Вината во Тамара не ја гледам толку, колку во она што е кај нас непрофисионалност. Мислам дека кривична одговорност е претерано, но треба да има некаква прекршочна одговорност, треба одговорност и за оние што биле вкучени во протоколарните процедури“.

Најчевска смета дека е лошо тоа што премиерот излезе да ја брани Тамара.

Извор: Фокус