Се проширува скандалот со ПИОМ – придонеси не им биле плаќани на 14.000 граѓани

Расте бројот на граѓани на кои не им биле префрлани пари од ПИОМ кон вториот пензиски столб МАПАС.



Од првично проценетите 12.000 бројката се искачи на над 14.000 лица.

За да ги обештети, државата од Буџетот префрлила вкупно 18 милиони евра на приватните пензиски друштва.

Скандалот го откри министерката за труд Царовска и поднесе кривични пријави против непознати сторители во Фондот за пензиско за злоупотреба на службена должност.

Но пријавите беа отфрлени од Обвинителството. Процените на Министерството беа дека обесправени се 12.000 осигуреници, кои државата треба да ги обештети со 19 милиони евра.

Од МАПАС велат дека бројките кои јавно ги кажа Царовска биле само проценка, а целиот процес треба да заврши на крајот на септември, дознава 24 ТВ.