Кој во власта го ,,чепкал” семејството на екс главниот уредник на 24 Вести?

Во својата порака до власта која според него прави се повеќе грешки, до пред неколку дена главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести открива дека некој во власта (Владата) на некаков, засега непознат начин, го нападнал неговото семејство.



Во отвореното писмо на социјалните мрежи Огнен Јаневски вели дека некој во власта чепка, копа и ровари кон личното, семејното, најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси.

На луѓето на кои им се обраќа тој им ветува дека како што тие удираат по неговото семејство така тој ќе удира по тоа што ним им е најмило, по парите и семејството.

„Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа! Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт. Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини. Но, се’ тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето. Вие мене најблиското – семејството, а јас вам најљубеното – парите и функциите. И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се’ додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.
Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не’ уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе“ напиша Јанески”, напиша Јаневски на Фејсбук.

Пред неколку дена тој по само неколку месеци од непознати за јавноста причини се повлече од позицијата шеф на новинарската екипа на 24 Вести.