Адвокатот Александар Тортевски објави дека братот на Сашо Ордановски, Ванчо, кој на Твитер го користи името @mindplumber од државата земал 350 илјади евра за проект за мерење загаденост што тој го именува како криминал.
Откако со месеци Ордановски го навредувал, Тортевски одлучил да ја открие информацијата за која како адвокат добро знае дека може да доведе до соодветни постапки пред соодветните институции и кривична пријава.
“По се што имам кажано (а и направено) против нив, ниту Грујо, ни Сашо ни Хорхе немаат јавно кажано против мене еден збор. Со месеци со Ванчо Ордановски сме блокирани а упорно ме плука на твитер. ПА ТОЛКУ ЛИ Е ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ МУ СЕ ОТКРИЕ КРИМИНАЛОТ СО ИЗМИСЛЕНА ИНОВАЦИЈА”, прашува Тортевски кој важи за еден од најдобрите македонски адвокати за кривично право?

“Оној што лапна 350.000 евра за измислен проект за мерни станици што ќе мерат загаденост. Заради некои свои глупи принципи му преќутувам неколку месеци ама човекот сака да биде втор Љупчо Златев па готово, ги вадам ракавиците”, одговара Тортевски на прашањето кој е човекот кого го обвинува за криминал.
Еден од основачите на Лигата за демократија со професорот Ѓорѓи Марјановиќ вели дека тој веќе влегол во рингот со Ордановски а од борбата “еден ќе излезе на носилки”.




