Авалон продукција се пофали дека постои огромен интерес за концертот на Тамара Тодевска закажан за 27 јули на Античкиот театар во Охрид.
“Со задоволство сакаме да ја споделиме со вас актуелната состојба околу првиот продажен ден за концертот на Тамара Тодевска кој ќе се одржи на 27-ми месецов во Античкиот театар во Охрид.
Имено, како што и очекувавме, концертот предизвика навистина огромен интерес, влезници купуваат фанови од сите генерации и од сите градови низ земјава”, пишува Авалон продукција за концертот.
Од таму очекуваат Античкиот театар да биде исполнет до последно место со нејзините фанови, кои според Авалон очекуваат нивната миленичка Тамара да одржи концерт.
Проблемот со концертот на Тамара во Охрид започна пред таа вчера да ја промаши првата строфа од националната химна на прославата на 4 јули националниот празник на САД.
Огромен број граѓани се револтирани и се лутат на нејзиниот настап на Евровизија каде што ниту еднаш не ја спомена Македонија а настапуваше за Северна Македонија.





