Божиновски: Чини ли фактурата од ручекот Заев – Ципрас речиси 150 илјади евра?

Новинарот Зоран Божиновски јавно го повикува министерот за отчетност и транспарентност во владата на Зоран Заев да каже колку чини забавата што во еден познат скопски ресторан била организирана за грчкиот премиер Алексис Ципрас а била платена со народни пари.



Божиновски од Роберт Поповски бара да одржи прес конференција на која што ќе покаже јавно колку пари дала владата на овој ресторан за јадење, пиење и носење дома откако на власт дојде гарнитурата на Зоран Заев.

Во врска со забавата за Ципрас, Божиновски конкретно прашува дали за неа се платени фантастични 147 илјади евра.