Постои причинско-последична врска и објаснување на реакцијата на генералниот секретар на владата на, Драги Рашковски, кој најави тужби за медимуи, новинари, за универзитетска професорка, за едно приватно лице во врска со скандалот каде, според многумина, ген-секот надвор од неговите овластување договара тендер со италијанска фирма заМ-НАВ. А, дополнително, изнесува расистички и навредливи коментари за земјата од каде е фирмата и непримерно ја споредува со едно малцинство…
На вчерашната прес-конференција, Рашковски не одговори на прашањата на новинарите, но остана цврст на ставот дека ќе тужи со објаснување дека тј никогаш не изгубил судски спор.
Колку е тој во право, а колку новинарите, па и јавноста се ништовни за него говори видео кое од вчера се споделува на социјалните мрежи каде Рашковски вели дека на народот му требаатт физичка наобразба:
„Значи на нашиот народ му треба добар ќотек и добро гушкање, за да свати каде му е местото. Да не биде тоа лошо сватено добар ќо тек, мислам дека некој треба да го опамети, да го ишaмаpа, за да се свести каде е“ ,изјави Рашковски во 2017 година…





