Меѓуминистерски договор за обединување на дипломатските и конзуларните преставништва и за стратешка соработка во полето на надворешната политика, потпишаа Албанија и Косово.
Дооворот го потпишаа министрите за надворешни работи на Албанија и Косово, Гент Цакај и Бехџет Пасоли, пренесе порталот Телеграфи.
„Република Албанија, отсега па натаму, не презема само декларативна афирмација туку и директна застапеност, конкретна заштита и безусловна афирмација на официјалните ставови на Република Косово во сите меѓународни инстанци каде што претставувањето на Косово од објективни причини е невозможно“, рече меѓу другото Цакај.
Ииницијатива за заедничката дипломатија била на Пацоли, кој изјави дека работењето на двете земји како едно тело ќе донесе повеќе резултати.




