Џефри Пјат, амбасадорот на САД во Грција, на новинарско прашање Во разговор за агенцијта АНА-МПА, американскиот амбасадор во Грција дементираше дека се сретнал со македонскиот премиер Зоран Заев „на северот од земјата“.
„Возбуден сум што го искористив викендот за да го посетам Халкидики. Беше убаво. Видов многу риби, мислам, многу повеќе отколку што сум видел на друго место во Грција додека бев на нуркање!
Не се сретнав со премиерот Заев, па не верувајте во сè што гледате во печатот, но беше прекрасен викенд. Јас дефинитивно ќе барам можност да се вратам и да поминам уште некое време таму“, рече амбасадорот за АНА-МПА.





