„Нека ве тужи Рашковски за клевети и навреди до миле воље и назад. Праксата на ЕСЧП ве штити“ им порача адвокатот Јанаки Митровски на новинарите по заканите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, по обелодененетиот скандал околу договарање тендер за италијанска фирма.



„Постојат десетици пресуди од Стразбур кои потенцираат дека не само што носителите на јавни функции мораат да бидат подложни на критичка опсервација, туку и дека нивниот праг на толеранција мора да биде многу повисок. (Макрадули против Македонија на пример најтазе).

Ушите ќе ви јаде ич да не му се плашите“, пишува тој.