Откако стотина луѓе упатија критики за концертот на Тамара Тодевска во Античкиот театар во Охрид Авалон продукција се закани дека ќе ги брише коментарите на потенцијалните гости.
“Почитувани, најљубезно ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да не пишувате коментари со навредлива содржина и да не употребувате говор на омраза! Во спротивно истите ќе бидат избришани. Доколку имате било какви прашања, нашите администратори ви стојат на располагање во инбокс. Поздрав и убав ден на сите”, напишаа администраторите на Авалон откако добија низа коментари во кои се зборува за настанот во негативен контекст.
“Кога толку многу луѓе наместо пофалби ќе напишат негативни коментари, не помага предупредување за бришење на “говор на омраза”… туку стајте си прст на чело и запрашајте зошто толку гнев кај Македонците.
Поздрав и убав ден, Авалон”, одговори Златко Арсениевски.
“Благодарам Авалон да знам кога да не одам во Охрид. Многу важна информација”, пишува Горан Бошковски.
“Ме интересира што според Авалон е говор на омраза. Особено кон некој, кој со се што се стекнал во животот, го стекнал во Македонија, а сега плука по тоа. Или се водите по премисата, исто како и дотичната ванаби хомо сапиенс, дека се и секој има цена, па нека ни се плати добро, па шта нас брига.Удри бригу на весеље. А за бришење на коментари ??? Со должна почит, класично скопски. МЕ ЗДОБОЛЕ !!! П.С. Ако северџанија има цена, Македонија НЕМА !!!”, порачува друг коментатор граѓанин.
“Уште Евровизискиот настап не сме го заборавиле”, пишуваат други граѓани.
Заканата на админите на Авалон на Фејсбук ја укина сопственикот на продукцијата Бобан Милошовски кој вели дека админиатраторите на ФБ групата на Авалон без негова согласност бришеле коментари.
Сите коментари на овој линк





