Заканите на Рашковски се притисок врз медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  реагираше на денешната закана на генералниот секретар на Владата дека ќе покрене тужби против новинари и медиуми и оценува дека тоа претсавуваат директен притисок врз работата на медиумите.



„Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација.

Заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите, стои во реакцијата на АВМУ.

Извор: Канал 5