Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на денешното обраќање пред новинарите најави дека ќе биде покрената тужба за клевета и навреда кон повеќе лица и интернет портали, во врска со објавената „бомба“ за тендерот за М-НАВ.
Како што истакна Рашковски, меѓу другите, тужба ќе биде поднесена против Миленко Неделковски, Љупчо Златев, Горан Момировски, како и партијата Левица, потоа Љупчо Палевски и Ваљон Бела.
Арбитражна постапка Рашковски најави и против порталите „Курир“, „Експрес“, „Инфомакс“ и „Лидер“.




