Лидерот на албанската опозициска демократска партија, Љуљзим Баша, по завршување на вчерашните локални избори во Албанија изјави дека дури 85 отсто од Албанците го отфрлиле еднопартиското гласање и маскарадата на Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Денешното еднопартиско гласање под целосна еднопартиска контрола беше настан што не се случил никаде во Европа, од времето на комунизмот. Организацијата на преродбата (слоган на Социјалистичката партртија) сама се кандидираше, самата гласаше, сама брои и сама потврдува. Ова е трагична пародија на демократијата, Уставот и правната држава“, рече Баша.
Тој го обвини владејачкото мнозинство за масовна манипулација со гласовите со закани и купување гласови. Спомна дека 150 вработени во администрацијата добиле закана дека ќе бидат истерани од работа доколку не одат да гласаат заедно со другите членови од нвните семејства, што, како што рече, не е никаква новина, зашто се се слушнало од бомбите на германскиот весник „Билд“.
Изборниот процес за Баша само ги потврдил сите обвинувања за Еди Рама и оти се додека е тој премиер во Албанија не може да има слободни и демократски избори, нарекувајќи ја Централната изборна комисија „слеп слуга“ на Рама.





