Во врска со претстојниот самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Ангела Меркел, изјави дека не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан, но потенцира дека регионот има европска перспектива, пренесува МИА.
Спред германската накцеларка, земјите од регионот треба да надминат уште многу пречки и да исполнат многу услови:
„Патот и натаму е полн со камења“, рече Меркел.
Самитот ќе се одржи во петок во полскиот град Познањ, а Меркал рече дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, потенцирајќи го решавањето на догогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името и дека ваквиот пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина и меѓу Србија и Косово.





