Повеќе од 3,5 милиони Албанци денеска треба да решат дали ќе излезат на локалните избори кои за претседателот Илир Мета и за опозицијата се нелегитимни.
Премиерот Еди Рама, вчера се закани дека на локалните ќе ѝ зададе финален удар на опозицијата.
Во 35 од 61 изборна единица, на гласачките ливчиња има само по еден кандидат и тоа од редовите на владејачката партија, поради бојкотот на здружената опозиција предводена од Дермократската партија на Љулзим Баша.
Во останатите 26 општини има понеколку кандидати на избирачките ливчиња, главно претставници на помали и малцински партии.
САД и Европската Унија и Соединетите Американски Држави го поддржаа одрќувањето на изборите и покрај тоа што шефот на државата Илир Мета ги поништи и ги закажа за 13 октомнври.
Албанскиот претседател рече дека денес социјалистите ќе гласаат сами и дека сите Албанци ќе гласаат заедно на 13 октомври.
Во страв од насилство, властите ги зајакнаа безбедносните мерки: за редот и мирот се ангажирани 7.779 полицајци, како и 1.450 членови на други полициски сектори, додека 5.000 припадници на специјална единица за брза интервенција ќе бидат во приправност.
Американската од амбасадата во Тирана, како и амбасадите на ЕУ ги повика своите државјани кои престојуваат во земјата да ги избегнуваат избирачките места и места каде што се собираат поголеми групи на граѓани.