Се откажува ли власта од ЕУ како главна стратешка цел?

Претседателот на државата Стево Пендаровски со збунувачка изјава за време на воената вежба “Одлучен удар 2019”.



За шефот на државата не влезот во ЕУ туку членството во НАТО е главната стратегиска цел на земјата од независноста.

“Партнерството со САД е успешно, ефикасно и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е нашето полноправно членство во НАТО”, вели Пендаровски.

Со тоа за него ЕУ станува второстепена цел.

Македонските институции од независноста во низа владини и собраниски документи за формално главна стратегиска цел го имаат поставено членството во ЕУ или барем членството во двете организации со исто ниво на важност.

Ова е прв случај некој македонски политичат да прави разлика во корист на НАТО и да ја минимизира ЕУ како стратегиска цел ма земјата.

Изјавата на Пендаровски се случува неколку недели откако ЕУ не даде датум за преговори за Македонија и најави ревизија на ставот за есеноска и неколку дена откако францускиот амвасадор изјави дека и во октомври ќе биде тешко за датумот поради корупција и слаби реформи.