Нашата најдобра тенисерка загуби уште во првото коло од квалификациите на турнирот и по еден настап го заврши учеството во сингл конкуренција на тенискиот Гренд Слем во Лондон. Подобра од Ѓорчевска денеска беше Алесандра Круниќ која славеше со 6-4, 6-4 и тоа во меч кој имаше исто сценарио и во првиот и во вториот сет.
Лина два пат губеше свој сервис уште во првиот гем на теренот 15, а потоа не успеваше да се врати. Дури нашата тенисерка не дојде до ниту една шанса за брејк, па излегува дека триумфтот на 99. тенисерка на светот Круниќ против 180. Ѓорчевска е повеќе од заслужен.
Лина Ѓорчевска може да остане на Вимблдон со натпреварите во двојки. На стартот таа и Русинката Полина Монова играат со американките Вајнхол-Вориски