Во пресрет на локалните избори што треба да се одржат утре, на социјалните мрежи се појави примерок од гласачкото ливче на кое има само едно име.
Во градот Корча, на изборното ливче има само едно име на кандидат на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, така што и не може да се зборува за – избор.
Претседателот на државата, Илир Мета, ги закажа изборите на 13 октомври, но владејачката партија и премиерот не го почитуваат тоа и најавија отворање процедура за смена на Мета по локалните.
Извор: Pressing.TV





