Првата таканаречена „Парада на гордоста“ за поголеми права на ЛГБТИ заедницата ќе се одржи денеска во Скопје, со присуство на активисти од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Настанот започнува во 11 часот во паркот „Жена борец“, откаде на пладне ќе почне марш до Градскиот пак, каде се најавени обраќања на претставници на граѓански организации и институции, а во 14 часот и музички хепенинг на кој ќе настапи и Тамара Тодевска.
Настанот го организра Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, од каде нагласуваат дека одржувањето на првата Парада на гордоста или попозната како Скопје Прајд се поклопува со педесетгодишнината од бунтот во Стоунвол – настан кој се смета за пресвртна точка во движењето за правата на ЛГБТИ луѓето.




