Косовскиот претседател Хашим Тачи ја повтори неговата заложба да ја присоедини Прешевска Долина делот на Јужна Србија населен со мнозинско албанско население, со Косово.
На вчерашната средба со поранешни лидери на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (УЧПМБ), Тачи порача дека ќе продолжи да работи на тоа „сонот на секој Албанец што живее таму“ да стане реалност.
„Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Косово е сон на секој Албанец што живее таму. Непрекинато, со политичка волја, работам на тоа овој сон да го претворам во реалност“, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.




