Боки призна дека е Коки, Героски не знае како се препознал

Дирекорот на  и БМЈ Медиа Груп, Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во интервју за 1ТВ вели дека тој е човекот за кој пишува новинарот Бранко Героски во серијата „приказни“ за Коки, Кики, Фрики кој според написите се дел од група која рекетира и изнудува големи суми пари и за која подолго се шпекулира во јавноста.



„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија.

Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Ние не бараме правда, туку крв.  Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“, рече Јовановски.

На оваа „прозивка“ од Јовановски, вчера на фејсбук реагираше новинарот Бранко Героски:

„Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.

Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.

Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.

Героски најави дека „рекетарската сага“ како што ја нарече,  ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка.