Заев пак излажал, Обвинителството не води истрага за “Кики” и “Коки”

Основното јавно обвинителство демантира дека за случајот во кој, според шпекулациите кои постојат во јавноста, сопственик на медиум рекетира и изнудува пари од бизнисмени и услуги од власта, се води истрага.



Истрагата предходно ја објави премиерот Зоран Заев.

Според ЈО за случајот се прибираат информации што е целосно различна фаза од постапката.

“Јавното обвинителство од самиот почеток ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на кривично дло. Истрага е друга фаза од  постапката. Се уште не е донесена наредба за спроведување на истражна постапка”, – велат од ОЈО во изјава за медиумите.

Според ОЈО се додека не се донесе наредба за истрага не може да се знаат повеќе детали за случајот за кој Заев рече дека се води истрага.

По написите на новинарот Бранко Героски и во јавноста се шпекулира дека сопственик на медиум кој се именува под псевдонимот Коки рекетира, а во тоа му помага висок функционер на СДСМ кој се именуа како Кики.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања во одговор на прашање поставено од пратеникот Антонио Милошоски, премиерот Заев рече дека е запознат со овој случај и дека за него се води истрага.