Трамп го замоли Путин да не се меша во американските избори

На состанокот на маргините на Самитот на Г-20 во Осака, Доналд Трамп, на шега го замолил рускиот колега Владимир Путин „да не се меша во изборите“ (за американски претседател што ќе се одржат во 2020 година –н.з.).



„Немојте да се мешате на изборите, ве молам”, рече Трамп низ смеа и со вперен прст кон Путин, јави Сио-ен-ен.

Состанокот меѓу американските и руските претседател траел околу час и половина  е завршен, објавија светските новински агенции.

Од Белата куќа соопштија дека Путин и Трамп разговарале за ситуацијата во Иран, Сирија, Венецуела и Украина.

„Претседателите Трамп и Путин се согласија дека подобрувањето на односите (меѓу САД и Русија) е во интерес на двете земји и на светот“.