Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на собраниската говорница истакна дека се повторува сето она што било карактеристично за владеењето на минатата власт и оти сега имаме еден апсолутизам.
„Повторно сме во момент на апсолутизам бидејќи нема контравласт. Сваровски судиите се тука, одлуките на судиите се мотивирани од политиката.Ова не е демократија и не е слобода“, вели лидерот на Алијансата на Албанците Зијаден Села.





