Загреб нa Ромите не им верува

Полицијата во главниот град на Хрватска  мораше да интервенира и да приведе неколкумина кои се спротивставија на одлуката, Градот да им  додели вселување на 29е социјално-загрозени ромски семејства во населбата Петрушевец, објавија хрватските медиуми.



Ромските семејства требаше да потпишат договор за вселување и да ги добијат клучевите, но беа спречени.

Демонстрантите тврдат дека зградата не е соодветна за живот и дека не ги исполнува стандардите за безбедност и одлучија да го спречат вселувањето.

Порталот „Индекс“ потсетува дека жителите на Петрушевац протестираа пшротив населување на Роми и на почетокот на март.