МВР го ослободи братот на Ел Чека

По неколкучасовно испитување кичевската полиција го ослободила Блерим Ахмети брат на Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека, информираат членови на фамилијата Ахмети.



Блерим бил приведен без налог од суд како дел од истражни активности на МВР за настани од пред десетина години.

Братот на Ел Чека пред една недела ги предводеше протестите против ДУИ во Тетово. Неговиот брат Шеќерим со недели објавува бомби против ДУИ и лидерот Ахмети во име на Кумановскага група за која тврди дека му ги дала материјалите.

Добро упатени извори тврдат дека бомбите на Ел Чека се истите тие кои Заев ги предаде на СЈО.

За што беше приведен Блерим Ахмети

Приведен братот на “бомбашот” Ел Чека?!