Унгарија не го дава Груевски – одбиено барањето за екстрадиција

Судот во Будимпешта го одби барањето од македонска Правда за екстрадиција екс-премиерот Никола Груевски кој е азилант во Унгарија по обвинение за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017
Според Судот, условите за екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми.
Неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина, пренесе унгарскиот весник „ХВГ“.



Скопски Фокус пишува дека Груевски во судот бил донесен со лисици што значи дека „бил во екстрадициски притвор“, но сега од Судот излегува како слободен граѓанин, “бидејќи Унгарија реши да не и го испорача на Македонија“.