Героски: Дејствуј, тавариш Заев, дејствуј!

(…)



“Другарчиња, тој ваш Коки, да ви кажам право, е голем срам за сиот поштен свет во Македонија, ама и срам за сите „поштени“ криминалци во оваа земја. Дури и криминалот и мафијата си имаат правила на игра, некоја своја етика, ако така може да се кажe. Овој шапшал не почитува ништо, тој е неконтролирана дијабола, тој на сите, а најмногу на оваа власт, им прави огромна штета. Не ми верувате? Богами, ќе поверувате, зашто моите приказни ќе продолжат, а и без мене некои чуда ќе се случуваат“ пишува во уште едно едно продолжение на приказните за Коки, Мики, Кики, Фрики, новинарот Бранко Героски кој предупредува на сериозни прекршувања на законите во една ТВ:

„ Најголемо изненадување, сепак, е што на списокот нема ниту една од познатите новинарски супер-ѕвезди, кои се заштитен знак на медиумот на ботоксираниот. Ги отфрлам злонамерните шпекулации дека тие луѓе примаат огромни пари во кеш, но сигурен сум дека не работат за 200, 300 или 500 евра. Единственото логично објаснување е дека луѓето со медиумот на Коки имаат склучено авторски договори и јас сум речиси сигурен дека секој од нив може да го покаже својот договор, за сите да се увериме во злонамерноста на шпекулациите. Добро, не мора јавно да ни ги покажуваатдоговорите (примањата, сепак, се приватна работа), но верувам дека на еден инспектор од УЈП можат да му ги покажат и да докажат во нив нема ништо сомнително – секој од тие луѓе објективно „тежи“ најмалку 1.000 до 2.000 евра месечно, ако не и повеќе, па ако се покажат авторски договори на такви суми, со уредно платен персонален данок, оговарањата ќе стивнат. Патем речено, имам слушнато дека една институција во Скопје има обезбедено информации за тоа колкави се примањата на супер-ѕвездите на газда Коки“, пипшува Героски и му препорачува на премиерот:

„Дејствуј, тавариш Заев, дејствуј! Како што гледаш, сѐ повеќе странски дипломати ти кажуваат дека корупцијата е голем проблем на оваа земја, ама не само таа старата, туку и оваа новата корупција. Не „мрчат“ луѓето за џабе. Дејствуј, ако можеш и дури има време!“

Извор: Плусинфо