Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со спојување на две желби на Заев му нуди решение на проблемот во кој влезе.
“Заев да даде оставка од премиер, да го избереме за мин финансии во пржинска влада, нека го стави Кочо Анѓушев за технички премиер и во октомври да одиме на избори за народот да одлучи кој заслужува метла, кој заслужува доверба”, му порача Милошоски на Заев на дебатата во Собранието при изборот на новите членови на Владата.
Премиерот кој добро ги знае резултатите од анкетите за популарноста на политичките партии не се изјасни за предлогот на Милошоски.




