„Преку најавувањето на фамозната „метла“ сите мислевме дека навистина ќе почнат промени и реформи. Но, за жал, после оваа козметичка реконструкција на владата, се прави рециклирање на неспособните кадри, наградувајќи ги со министерски позиции токму тие политичари што потфрлија во работата во нивните министерства, со што дефинитивно се потврдува дека оваа влада треба што побрзо да падне“, изјави Лиридон Хусеини, претседател на младите на Движење Беса кои денеска пред зградата на владата оставија – дршка од метла.
Хусеини објасни дека дршката ја оставиле бидејќи премиерот не успеал да ја употреби „метлата“ што самиот ја најавил и порачаа да им ја даде на министрите на кои, како што рече, „не им се слуша гласот и не знаат зошто се дел од вашиот кабинет“.





