Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии, но сепак најави дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер.
„ Функцијата претседател на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе раководам со Министерството за финансии, се додека не се избере нов министер“, истакна Заев.




