Атанасов: Патиштата со Заев ни се разидоа

„Академската работа е моја редовна професија. Желбата ми беше преку учество во политиката да се променат и придвижат работите. Јас не барав да влезам во СДСМ. Тие сами ме повикаа во 2013 година кога заглавија и програмски и идеолошки. Бараа поддршка и помош. Тоа не беше време за бавење со политика, особено опозициска. Беше време на опасно живеење.



 Јас се одлучив да го прифатам политичкиот ангажман затоа што работите во државата не одеа во добра насока. Во овој момент изгледа дека патиштата ни се разидуваат“, вели Петар Атанасов, досегашниот заменик министер за образование кој поднесе оставка.

Во интервју за порталот „Мета“, Атанасов одговара на изјавата на премиерот Зоран Заев кој вчера речле дека оставката била поради тоа што Атанасов не стана министер:. „Тоа го направи затоа што не стана министер за образование. Тој бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер“ рече Заев.

Атанасов вели дека  Владата во некои ресори и сектори прави добри работи, но во некои не.

„ Во образованието прави малку, или недоволно. Оттука мојата реакција и желба да го водам овој ресор, со целосна одговорност.

Велам дека треба да се запали црвеното светло и многу да се работи за да се подобри образованието. А образованието е, столбот на општеството. Во политиката може да се вратам само ако се изгради цврста политичка програма и со добар тим за да се разбие оваа неперспективност и безбојност. Македонија и Македонците можат многу повеќе“, вели Атанасов во интервјуто за „Мета“.