Потера на Малта по Србин што прободел со нож Македонец, кој се бори за животот

Полицијата на Малта покрена потера по Србин за кој се верува дека е поврзан со прободувањето со нож Македонец прексиноќа, кој е сериозно повреден и се бори за својот живот.



Полицајците ја пребаруваа Бугиба во потрага по напаѓачот по инцидентот што се случи во понеделникот околу 21 часот, а потерата продолжи во Кавра и во Моста.

Тешко повредениот 58-годишен Македонец облеан во крв влегол во болницата во Моста завчеравечер со видлива рана. Полицијата утврди дека тој бил прободен со нож по кавга што се случила во Бугиба.

Полицијата ги пребаруваше Бугиба и Кавра пред да се упати во Моста по добиените индикации дека напаѓачот се крие во таа област. Судијата Габриела Вела покрена истрага, а полицијата продолжува со потрагата по осомничениот напаѓач, кој сè уште е на слобода.