На Вториот економски форум, кој денеска и утре ќе се одржи во овој бугарски град, ќе се сретнат Бојко Борисов и Зоран Заев.
Ова е прва средба откако дојде до „искричење’ помеѓуј меѓу двете земји поради историскиот спор околу ликот на Гоце Делчев, пишуваат бугарски медиуми.
Скопје предложи заедничко чествување на револуционерот на 7 октомври – датумот на кој посмртните останки на Делчев беа предадени од комунистичката власт во Бугарија на тогашна Југославија.
Софија категорично го отфрли овој предлог и изјави дека ќе ги покрене нерешените историски прашања за време на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската унија.





