Денеска во Собранието почнува дебатата за реконструкцијата на владата што ја предложи премиерот Зоран Заев.
За нов министер за земјоделство е предложен Трајан Димковски, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Премиерот Зоран Заев најави дека во наредниот период тој ќе го води Министерството за финасии.
Премиерот најави дека во наредниот период ќе бидат рзрешени десетици директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво.





