Албанскиот премиер Еди Рама објави дека го ангажирал германскиот адвокат Матијас Принц да го тужи новинарот на германски „Билд“ Питер Тиде кој објави прислучкувани разговори во врска со обезбедување гласови зџа избори во Албанија.
Во изминатите две недели, Тиде објави голем број на прислушувани разговори во кои се слушаат гласовите на Рама и на други високи државни службеници како се договараат да се закануваат на гласачи да не гласаат за опозицијата и како се купуваат гласачи, објави албанскиот портал Exit.al.
Имало и разговори, меѓу политичари и членови на криминалните банди, а гласовите требало да бидат разменети за услуги и политичка моќ.
„Германските судови нека одлучуваат кој е во право и кој е виновен за ова. Ова го правам затоа што Албанците заслужуваат да ја знаат вистината од судството на таа земја“, напиша Рама на Твитер.
На ова одговори новинарот: „За што ме обвинува? Ме обвинува за објавената вистина?“, напиша Тиде на Твитер.





