Ако Царовска сака да ги уредува насловите на текстовите ќе и понудиме да биде уредник, е коментарот на еден од уредниците на истражувачкиот медиумски проект SCOOP кој вчера објави дека министерката за Труд и Социјала Мила Царовска за една година за 6 пати го зголемила својот имот.
Уредникот Џелал Незири притоа ја предупредува дека платата ќе и биде многу пониска од министерската.
“Реакцијата за насловот е карактеристика на политичари со диктаторски амбиции. Ако барате да ги одредите насловите на текстовите на @SCOOPMacedonia, тогаш бујрум ќе ве вработиме како уредник. Но да знаете дека примањата се далеку помалку од министерските”, напиша Незири откако Цароска побара извинување од SCOOP.
“Ве молам споделете?Апсолутно е неточен заклучокот дека сум се „збогатила“ за една година. Се работи за имот на родител, кој не го поседувам и го пријавив иако немам законска обврска. Барам извинување од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија”, им порача Цароска на новинарите.
Царовска бара извинување – новите милион евра биле на родител, не нејзини





