Здруженијата на Македонците од Бугарија бараат реакција од македонските власти во рамките на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји по последниот извештај на известувачи на ПССЕ кои констатираа расизам и дискриминација македонското малцинство во Бугарија.  „…Загрижува и односот кон македонското малцинство, кое не е признато од бугарските власти поради строгата примена на формалните критериуми, иако оваа група постојано ја изразува потребата од заштита според Рамковната конвенција. Како резултат на тоа, во Комисијата за малцинства нема македонски претставник.



Македонците не се вклучени во програмите што се однесуваат на етничките заедници и не добиваат каква било помош од државата за зачувување и развој на нивната култура и идентитет.

Во училиштата не се изучува  македонскиот јазик или историја.

Не е регистрирана ниту една македонска организација или партија. Нашите соговорници тврдеа дека има дискриминација против членовите на нивната заедница”, се некои од оценките на Франк Швабе и унгарскиот Золт Немет, известувачи на Параментарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) кои во името на комисијата за следење на обврските на земјите членки, изразија загриженост поради непочитувањето на правата и говорот на омраза на кое е изложено непризнатото македонското малцинство.