Претставничката на албанското малцинство во хрватскиот парламент, Ермина Лекај изјави дека во Хрватска има блиски до 30.000 Албанци, но дека само околу 19.000 од нив се регистрирани како такви, додека други, поради процедурите за добивање државјанство или од економски причини, се изјаснуваа како Хрвати или муслимани (Бошњаци).
Според неа, повеќето Албанци што живеат во Хрватска се концентрирани во Загреб, и на Јадранскиот браг, пренесува Танјуг.
За косовската РТВ Дукаѓини, Лекај изјави дека е формирана група на пријателаство наречена „Хрватска-Косовоп“, со цел да се зголем соработката меѓу Загреб и Приштина.
Во 17 училишта во Хрватска има дополнителна настава на албански јазик, но нема доволен број на наставници се пожали Лекај.





