Британија ќе ја напушти ЕУ на Ноќта на вештерките!?

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерот Тереза Мај вети дека Британија ќе  ja  напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор со ЕУ.



„Моето ветување е да ја напуштаме ЕУ на Ноќта на вештерките, 31 октомври”, рече Џонсон во интервју за Би-Би-Си њус, објави Ројтерс.

Борис Џонсон и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, се најголеми ривали за функцијата британски премиер и лидер на Британската конзервативна партија, бидејќи освоија најмногу гласови на на внатрепартиските избори.

Конзервативците избираат нов лидер откако Тереза Мај ја објави својата оставка откако не успеа да го спроведе „Брегзит“.