Авиокомпанијата „Виз ер“ реши да ги надгради линиите од Скопје и од Охрид до три европски дестинации од сезонски во целогодишни, па од Скопје до Барселона и до Векше во Шведска, како и од Охрид до Лондон (Лутон), ќе лета и претстојната зима, и тоа два пати неделно.
„Нормална пракса во авионската индустрија е зачестеноста на летовите да се менува според сезоните на патување и перформансите на линиите. „Виз ер’ постојани ги набљудува перформансите на линиите за да им овозможи на најпопуларните услуги да имаат најниски можни цени“, ја цитираат компанијата од порталот „Ексјуавиејшн“.
Нискобуџетниот авиопревозник минатата година ги спушти трите наведени линии на сезонски, односно летни.
Од „Виз ер“ и информацијата дека во зимската сезона 2019/2020, која почнува на 27 октомври, од сезонски ги надградува во целогодишни и линиите од Белград до Ларнака на Кипар (секој вторник и петок). Од октомври, пак, ќе биде обновена линијата од Тузла во Босна и Херцеговина до Билунд во Шведска, каде што ќе се лета секој понеделник и петок.





