Ирски филмаџија за „грчката параноја“ околу Македонија: Никогаш Северна!

Ед Гадсел, филмски работник, фотограф, камерман и режисер, кој на Твитер се претставува како „Ирец во Скопје“, со два врзани твита го коментира гневот на Грците околу Преспански договор.



„’Владата нè предаде. Тие ја продаваат нашата татковина’, вели 39-годишен работник, стоејќи пред кафулето што бил принуден да го затвори поради економската криза’.

Секогаш сум зачуден колку многу Грци се чувствуваат толку лути околу Преспански договор, а Македонија беше таа што беше присилена да ги отстапи својот идентитет и историја за да ја ублажи грчката параноја и пречувствителност. #НикогашСеверна“, твитна Гадсел.