Ванковска: Од „метлата“ се офајди лично Заев

Изнедувачката одлука на премиерот Зоран Заев да се самопредложи и за министер за финасии и „тенката“ догонајавувана реконструкција, покрена лавина на реакции на социјалните мрежи.



„„За оваа ситуација не важи изреката „се тресеше гората, со роди глушец“. Овде станува збор за многу повеќе од изневерени очекувања: можеби некој чекаше радикални кадровски смени на подобро, но од целата метла само Заев се офајди. И тоа лично“ напиша професорката Биљана Ванковска за Фејсбук.

Според неа…„најважно од се’ е што Заев за само две години покажува синдром „Државата – тоа сум јас!“. Беше на чело на судски реформи, во парламентот направи дар-мар со купување осум пратеници, го смени уставот со негово флагрантно кршење, итн. Ако на Груевски му требаа години за да ја „зароби државата“, и поништи принципот на поделба на власта – овој тоа го прави на јуриш. И што е најстрашно: отпор нема! МОЛК! Или, евентуално, има паѓање во несвест од љубов кон вождот“.- пишува Ванковска на Фејсбук

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10218786983728623