„Израснал во скромно, земјоделско и традиционално семејство. Почнувајќи од рана возраст, тој и неговиот помлад брат беа вклучени во семејниот земјоделски бизнис, како единствен извор на приход. Заев и неговиот брат беа воспитани да бидат вредни луѓе кои никогаш не ги одложуваат обврските и веруваат дека постои решение за секој проблем…
Ова е дел од биографијата на премиерот Зоран Заев, поднесена со предлогот за избор на нови членови на влада доставен до парламентот, кој предвидува тој да ја презеде и министерската функција за финансии, објави „Фокус“.





