МВР гарантира безбедна Парада на гордоста

Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се гарантира јавниот ред и мир на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни и каков било обид за насилство ќе биде најстрого санкциониран. Ќе имаме доволен број полицајци за да помине се во најдобар ред и мир, рече денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски./



Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншки комитет за човекови права потенцираше дека навистина се задоволни од соработката со МВР, и уверен е дека овој настан ќе биде безбеден, во спротивно како што рече, не би продолжиле со организацијата ако не се сигурни дека навистина можат да ја гарантираат безбедноста на секој учесник.

Тој смета дека на настанот ќе учествуваат од 200 до 500 луѓе, што според него, би била фантастична бројка за прв Прајд, што ќе се одржи во Скопје.