Партијата на Албанците НДП реагира дека не била консултирана за одлуката на премиерот Зоран Заев, да биде сменет досегашниот министер за  локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, кој е од оваа партија.



„Министерството за локална самоуправа му припаѓа на партнерот на коалицијата,, на партијата НДП.

Премиерот не може да донесе одлука без наша соогласност, да го даде ова министерство на внатрешен партнер на партијата СДСМ, со кој има внатрешни проблеми и да ги задоволи коалиционите партнери, но на штета на владејачката коалиција.

Ако премиерот е сериозен во врска со овој предлог, ние како партија ќе ја донесеме нашата одлука и нашата позиција за која ќе бидете информирани“ пишува во реакцијата на Информативната служба на НДП.